Опфат на ISMS
Верзија: 1.0 Одобрил: Далибор Шојиќ
1. Цел
Овој документ го дефинира опфатот на Системот за управување со информациска безбедност (ISMS) на Лајв Нетворкс ДООЕЛ Куманово, согласно барањата на ISO/IEC 27001:2022, клаузула 4.3.
2. Контекст на организацијата
Лајв Нетворкс ДООЕЛ е компанија специјализирана за сајбер безбедност и управувани ИТ услуги со седиште во Куманово, Република Северна Македонија. Компанијата има еден вработен и соработува со надворешни соработници ангажирани по проект, со договор на дело или преку волонтерски агенции.
Компанијата не поседува сопствен data center, туку целосно се потпира на dedicated сервери и виртуелни машини кај специјализирани провајдери.
3. Опфат на ISMS
3.1 Сервиси во опфат
- Управувани сајбер безбедносни услуги
- Развој на прилагодени апликации
- Одржување и администрација на сервери и firewall-и
- Управувана е-маил услуга со напредно филтрирање на phishing, spam и малициозни пораки, прилагодена индивидуално за секој клиент
- Изработка на веб-страници со SEO оптимизација
- Управувани е-маил маркетинг кампањи од сопствени сервери
- CRM со тикетинг систем
3.2 Локации
- Канцеларија во Куманово - единствена физичка локација
- Далечински пристап на надворешни соработници
3.3 Инфраструктура
- Dedicated сервери и виртуелни машини кај Hetzner, Contabo и Databasemart
- Бекап складирање на Wasabi S3
- DNS менаџмент и CDN преку Cloudflare
- Wireless мрежа во канцеларијата
- Комуникациска инфраструктура (VPN, е-маил системи, CRM, алатки за соработка)
3.4 Лица во опфат
- Вработени на Лајв Нетворкс ДООЕЛ
- Надворешни соработници
- Добавувачи на инфраструктура и трети страни со пристап до информациски средства
3.5 Процеси во опфат
- Испорака и одржување на сите горенаведени сервиси
- Управување со пристап до системи и податоци
- Управување со инциденти поврзани со информациска безбедност
- Управување со ризици
- Бекап и обнова на податоци
- Мониторинг и логирање
- Управување со односи со добавувачи и клиенти
- Континуитет на работење
4. Исклучени контроли
Следните контроли од Анекс А на ISO/IEC 27001:2022 не се применливи:
- A.7.4 Мониторинг на физичка безбедност - не е идентификуван како ризик
- A.7.5 Заштита од физички и еколошки закани - нема критична инфраструктура на локацијата
- A.7.6 Работа во безбедни области - нема безбедни зони или ограничени простории
- A.7.11 Помошни услуги - нема UPS ни генератор
- A.7.12 Безбедност на каблирање - нема кабелска инфраструктура
- A.8.23 Веб филтрирање - не е оправдано за организацијата
- A.8.29 Безбедносно тестирање во развој - не се врши систематски, по потреба во зависност од проектот може да се врши тестирање за ранливости
- A.8.32 Управување со промени - моментално не се води формален запис
- A.8.34 Заштита на системи при аудиторско тестирање - моментално не е применливо
Деталите за применливоста на секоја контрола се документирани во Изјавата за применливост (SoA).
5. Интерфејси и зависности
- Провајдери на инфраструктура - согласно договори за ниво на сервис и проценка на безбедноста
- Клиенти - согласно договори за сервис и одговорности за информациска безбедност
- Надворешни соработници - согласно договори за доверливост (NDA) и безбедносни барања
6. Референци
- ISO/IEC 27001:2022, клаузула 4.3
- Изјава за применливост (SoA)
- Политика за информациска безбедност
- Методологија за управување со ризици